
Организирање датотеки
Можете да ги преместувате, копирате, бришете или креирате нови датотеки и
папки во меморијата на Вашиот уред или во мемориската картичка. Ако ги
организирате датотеките во нивни папки, тоа може во иднина да Ви помогне да ги
најдете датотеките.
Одберете
Мени
>
Апликации
>
Галерија
.
Креирање нова папка
Во папката каде што сакате да креирате под-папка, одберете
Опции
>
Додај
папка
.
Копирање или преместување на датотека во папка
Одберете и задржете ја датотеката и од менито што се појавува, одберете ја
соодветната опција.
Совет: Исто така можете да пуштате музика или видео записи или да гледате слики
во Галерија.