Предвидливо внесување на текст
Вградениот речник предложува зборови како што ги притискате копчињата со
бројки. Исто така можете да додадете Ваши зборови во речникот.
Пишување збор
Притиснете ги копчињата со бројки (2-9). Притиснете го секое копче еднаш за
секоја буква.
Потврдување на збор
Поместете го курсорот напред или, за да вметнете празно место, притиснете 0.
Избор на правилниот збор
Ако предложениот збор не е правилен, притиснете * последователно и одберете
го саканиот збор од листата.
Додавање нов збор во речникот
Ако ? е прикажан после зборот, зборот што сакавте да го внесете не е во речникот.
За да го додадете зборот во речникот, одберете
Спелувај
. Внесете го зборот
користејќи го традиционалното внесување на текст и одберете
Зачувај
.
Пишување на составен збор
Напишете го првиот дел од зборот и поместете го курсорот напред за да го
потврдите зборот. Напишете го следниот дел од зборот и повторно потврдете го.