Копирање музика од Вашиот компјутер
Дали на Вашиот компјутер имате музика што сакате да ја слушате на Вашиот уред?
Користете Nokia Ovi Player и USB кабел за податоци за да управувате и да ја
синхронизирате Вашата музичка колекција.
Музика и аудио 49
1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да ги поврзете Вашиот уред
и компјутерот. Проверете дали во уредот е вметната компатибилна мемориска
картичка.
2 Одберете
Медиа трансфер
како режим за конекција.
3 На Вашиот компјутер отворете ја апликацијата Nokia Ovi Player. За повеќе
информации, видете го делот за помош за Nokia Ovi Player.
Некои музички датотеки можат да бидат заштитени со управувањето со дигитални
права (digital rights management - DRM) и не можат да бидат пуштени на повеќе од
еден уред.