
Вметнување на SIM картичката и батеријата
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има
мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на мини-UICC SIM
картички. Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
Овој уред е наменет за користење со BL-5CT батерија. Секогаш користете
оригинални Nokia батерии.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1 Извлечете го капакот и отстранете го. Ако батеријата е вметната, извадете ја.
2 Вметнете SIM картичка. Проверете дали областите за контакт на картичката се
свртени надолу.
За почеток
7

3 Подредете ги контактите на батеријата и на одделот за батеријата и вметнете
ја батеријата. За да го вратите задниот капак, насочете ги деловите за
заклучување кон нивните места и прилизгајте го капакот додека не се заглави
на неговото место.