Вметнување или отстранување на мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Вашиот уред поддржува мемориски картички со капацитет до 32 GB.
Вметнување на мемориска картичка
1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Проверете дали областите за контакт на картичката се свртени надолу.
Притиснете ја картичката навнатре, додека не слушнете клик.
3 Вратете го задниот капак.
8
За почеток
Отстранете ја мемориската картичка
Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка кога некоја апликација ја
користи. На тој начин можете да ги оштетите картичката и уредот, и да ги оштетите
податоците што се зачувани на картичката.
Можете да ја отстраните или замените мемориската картичка без да го исклучувате
уредот.
1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Притиснете ја картичката навнатре, додека не слушнете клик и извлечете ја
картичката надвор.
3 Вратете го задниот капак.